
Тренерот на Јувентус, Чиро Ферара, воопшто не е изненаден што претседателот на Интер јавно изјави дека ќе навива за Лацио во нивниот дуел денес на Олимпико.
“Ќе бев изненаден ако не го речеше тоа.“ - се насмеа Ферара. “Интер се плаши од нас, самата оваа изјава е доказ за тоа, тие чуствуваат притисок од нас.“
“Како било, сакам да кажам дека веќе и сум изморен контра-изјави секогаш кога некој ќе каже нешто за Јууве. Ќе пробам да се држам надвор од тие провокации.“
Потоа тој застана и во одбрана на изјавата на Марчело Липи кој предвиде дека Јувентус ќе биде шампион.
“Факт е дека Јувентус дава најваќе репрезентативци од било кој топ клуб во Серија А. Затоа и селекторот сака да се фокусира на овие играчи кои играат на највисоко можно ниво и се Италијанци.“ - заврши Ферара кој после дуелот со Рома на Олимпико, сега му гостува и на Лацио. Сигурно се надева на истиот исход како со “волчицата“ 3:1 за “старата дама“.